дек 17

Soft snow balls fall down
Fuji pretend a winter dream
Waves play a sharp song.


Езерото Кавагучи и планината Фуџи

дек 04

Монологот ја полни неприсутноста

Безкруполозната срж на воздишката
ја празни чашата со вински опиум

Глувоста на највисоките фрекфенции
побудува вибрации во раце

Каква е оваа конверзација меѓу:
моите нарушени сетила
и твојата ужасна совршеност,
стерилноста и безгрижноста,
летаргичноста и динамичноста?

“Чашата на попустиот разговор беше полупразна или полуполна?”

2009

(крај)

дек 03

Бесењето соништа постана лично хоби
соништата добија најразлични форми
Ти засади дрво на кое растеа балони
(полни со неисполнети соништа)
а под него си играв со игли.

Се искачував на столови за да достигнам
површност и духовитост како твојата
Ти многу лесно паѓаше, и потем
на подот со пила си играше.

Со отворени очи дење сонуваше
а навечер ги заспиваше да гледаат,
Јас незнаев да сонувам
а ти одбиваше да ме разбудиш.

“Ако не сонуваше не ќе уживав во
колоритот на твоите затворени очи”


2009

дек 02

Распарав безброј бели платна
на кои хаотично те исцртував,
ги горев во оган а од пепелта
правев црна скулптура од тебе.

Секој ден ветерот те крадеше
а од твојата саѓеста кожа
небото сив дожд спремаше
и ме казнуваше.

Ја завиткав пепелта во платно
за да неможеш да избегаш,
Ја измислија фотографијата
па си позирав сама на себе.

“Потем ја создадоја бојата,
но ти веќе не постоеше”

2009

дек 02

Набабрува душата при секое вдишување
стравот излегува преку воздишката
спомените аморфно танцуваат
постоењето станува недопирливо
одамна разгорените идеали
заборавени тлеат во воздухот.

Вакум.

Во ноќите пасивни налик на поет кој
тажи по својата муза, а поет не сум јас.
Реинкарнација инертно потисната
да подадам рака и вдишам нов облак.

“Преку нашите воздишки
спомените стануваат скулптури од чад”
2009

still life poetry